Се урна покривот на аеродромот во Њу Делхи / Фото Икс

ВИДЕО | Поради силно невреме се урна покривот на аеродромот во Њу Делхи

Покривот на меѓународниот аеродром „Индира Ганди“ во индиската престолнина Њу Делхи се урна во петокот под силен дожд и ветрови. Едно лице загина, а летовите се откажани, објавија официјални лица.

– Целиот терминал, еден од трите на најпрометниот аеродром во земјата, е евакуиран и наредена е истрага за колапсот. Неколку лица се повредени – изјави индискиот министер за авијација Кинјарапу Рамохан Наиду.

Педесет домашни летови се откажани или одложени, според платформата за следење летови Flightradar24.

– Осуммина повредени се пренесени во болница – изјави Атул Гарг, директор на противпожарната служба во Делхи.

Околу 148,5 милиметри дожд паднаа во областа на аеродромот во текот на три часа, што е повеќе од просекот за цел јуни, според Индискиот метеоролошки завод.

Многу други делови на Њу Делхи исто така беа поплавени, а автомобили беа заглавени во водата висока околу еден метар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот