
ВИДЕО | Популарна американска пејачка во неверување и солзи: Поради користење „оземпик“ добила остеопороза
Американската пејачка Ејвери (30) објави две шокантни видеа на социјалните мрежи со предупредување до следбениците да „бидат внимателни“ со лекот „оземпик“ и да не го користат доколку не им биде препишан од лекар.
Препорачано
Ејвери, чие вистинско име е Ана Ианители, тврди дека ѝ била дијагностицирана остеопороза по само една година користење на „оземпик“.
Во првото видео, Ејвери објаснила дека отишла на лекар на преглед откако два месеци не го користела лекот за да провери дали нејзиното тело закрепнало. Сепак, таа останала во шок откако ѝ била дијагностицирана остеопороза. Остеопорозата предизвикува слабеење и кршливост на коските до тој степен што дури и мал пад може да доведе до фрактура.
View this post on Instagram
„Не ја очекував оваа дијагноза. Излезе дека ‘оземпик’ може да предизвика губење на густината на коските и не мислев дека тоа ќе ми се случи бидејќи го користев само една година“, рекла Ејвори.
Таа открила дека лекот не го добила на рецепт, тврдејќи дека „денес многу лесно се добива“. Таа додала дека пати од пореметување во исхраната.
„Направив грешка. Ја прифаќам одговорноста за моите постапки. Ве молам да научите од моето искуство“, рекла Ејвори, додавајќи дека ќе започне со лекување и ќе земе соодветна терапија.
„Ве молам бидете внимателни со ‘оземпик’ освен ако не ви е потребен медицински“, предупредила таа.
Во подоцнежното видео, таа појасни дека нејзината цел не е да го „демонизира“ лекот, туку да ги информира луѓето за можните последици од неговата неправилна употреба.
View this post on Instagram
Инаку, американската пејачка и текстописец Ејвери, со вистинско име Ана Ианители, ја започна својата музичка кариера во раните дваесетти години. Таа има издадено неколку значајни песни, меѓу кои „Go Screw Yourself“ и „Good Times“. Нејзината музика комбинира елементи од поп и инди жанрови, а таа е позната по емотивните текстови и уникатниот вокален израз.