Фото: Принтскрин/ Јутјуб

ВИДЕО | Погледнете го спотот за последната песна на „Битлси“ во режија на Питер Џексон

Последната песна на легендарните „Битлси“ наречена „Now And then“ беше објавена минатата недела, а сега публиката ширум светот може да го погледне видеоспотот во режија на Питер Џексон.

Како што може да се види на видеото, се појавуваат Пол Макартни и Ринго Стар, а со помош на специјални ефекти се додадени и покојните членови на оваа постава Џон Ленон и Џорџ Харисон од нивните млади денови.

Последната песна „Now And then“ се подготвуваше цели 45 години – од првите тактови кои ги напишал Џон Ленон во 1978 година, а на снимката може да се слушнат сите членови на групата, Џон Ленон, Пол Макартни, Џорџ Харисон и Ринго Стар.

Овој сингл ќе го одбележи последното поглавје на една од најголемите музички групи во историјата на рок музиката.

ВИДЕО | „Битлси“ го затворија кругот: Слушнете ја нивната последна песна „Now And Then“

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот