
ВИДЕО | Погледнете го настапот на Каролина на „MAC“, додека ги очекуваме „Два бона“ во „Белградската арена“
Вечерва во Белград, Србија се одржува вториот дел од годинашното доделување на регионалните музички награди „Music Awards Ceremony“. Додека го очекуваме настапот на македонска трап, хип-хоп, ар-ен-би и регетон-група – „Два бона“, на социјалните мрежи објавен e дел од вчерашниот настап на Каролина.
Препорачано
View this post on Instagram
Пред настапот Каролина се најде во улогата на презентер и, заедно со хрватскиот пејач Петар Грашо, ѝ ја додели наградата „Најдобра рап/хип-хоп песна на годината“ на српската раперка Сајси Ем-си, за песната „Ринге јаја“.
View this post on Instagram
Во ревијалниот дел од настанот, Гочева ја изведе српската верзија на нејзиниот последен сингл „Од небо до дно“, со која успешно ѝ се врати на поп-музиката по десетгодишна пауза. Имено, таа го објави последниот поп-албум „Капка под небото“ во 2010 година. Во меѓувреме, таа ги издаде албумите „Македонско девојче 2“ и „Извор“, на кои се најдоа песни со етно примеси.
View this post on Instagram
Како и секогаш, нашата Каролина уште еднаш докажа дека има совршен моден стил. За нејзината шминка се погрижи Александар Билјановски – Дадар, за фризурата – Октај Сејди, а нејзините модни комбинации беа замисла на стилистките Јована Филиповиќ и Јована Зука.

Во моментов се прикажува вториот дел од регионалните музички награди „Music Awards Ceremony“, а водители на настанот се хип-хоп артистите Михајло Веруовиќ – Војаж и Мими Мерцедес.

Го очекуваме настапот на „Два бона“. Членови на групата се Марио Јелиќ-Кун, во улога на продуцент, текстописец и пејач и Антонио Стојановски-Тонито, во улога на текстописец и пејач.
Следете го настанот во ЖИВО:
ВИДЕО | Каролина Гочева со совршен настап на годинашните „MAC“ награди