Фото: Фејсбук / скриншот

ВИДЕО: Победа на активистите на Кожуф – сите машини се повлекоа од Дошница

Сите машини на инвеститорот кој требаше да гради хидроцентрала на реката Дошница на Кожуф денеска се повлекле, објавија активистите кои со месеци го блокираа патот по кој требаше да поминуваат багерите и камионите.

„По 72 дена блокада, уништувачите на најчистата река во Македонија ги повлекоа сите машини. Дошница нема да биде ставена во цевка. Дошница нема да биде уништена од хидроцентрали. Дошница е гласот на љубовта кон својата мајка природа. Оваа победа е почетокот на ослободувањето на сите реки во Македонија. Благодарност до сите луѓе кои одвоија дел од себе, за природата. Благодарност за истрајноста. Благодарност за сплотеноста“, пишуваа активистите на социјалните мрежи.

„Борбата не завршува тука. Отпорот не застанува тука. Народот се буди. Народот ќе победи. Мајката природа ќе биде спасена“, пишува во објавата.

Активистите најавуваат и правна битка, а крајната цел им е укинување на концесијата. Најавија и протести во Скопје пред Министерството за животна средина и просторно планирање, доколку по изборите продолжат какви било активности за изградба на мали хидроцентрали.

ВИДЕО | Зошто активистите со жив штит ја бранат кристалната река Дошница на Кожуф?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот