Фото: Принтскрин/ Јутуб/ Фејсбук

ВИДЕО | По „The Exorcist“: Погледнете го најстрашниот хорор филм

Хорор филмот „Talk to Me“ веќе добива одлични критики од гледачите и многумина го нарекуваат најстрашниот филм, по добро познатиот  „The ​​Exorcist“. Љубителите на овој жанр знаат дека хорор филмот од 1973 година е меѓу најстрашните филмови некогаш снимени и дека многумина не можеле да заспијат откако го гледале, пишува „Уај нау“.

Филмот „Talk to Me“ ја имаше својата претпремиера на филмскиот фестивал во Аделаида, Австралија на крајот на минатата година, а сега почна да се прикажува и во кината таму и во странство. Режијата е на Дени и Мајкл Филипу, а главните улоги ги толкуваат Софи Вајлд, Александра Џенсен, Џо Бирд, Отис Данџи и Миранда Ото.

Приказната следи 17-годишна девојка по име Миа, која се бори со втората годишнина од смртта на нејзината мајка и лошите односи со нејзиниот татко Макс. Една ноќ се прикрадува на забава каде што главната атракција е чудна отсечена балсамирана рака што се користи за повикување духови.

Повикувањето духови им било интересно на тинејџерите, па и Миа се приклучила и учествувала во него. Раката служи како врска со духовите, но тинејџерите не се подготвени за катастрофалните последици кои се појавуваат кога ги прекршуваат правилата. Низа вознемирувачки надреални средби се расплетуваат, додека Миа се наоѓа во центарот на хаосот.

Филмските критичари и гледачите го пофалија овој филм. Најголем комплимент за филмот е споредбата со „The Devil’s Exorcist“.

„Филмот е морничав, вознемирувачки и содржи некои застрашувачки секвенци и брутални слики кои ќе останат во вашата меморија. Создава морничава атмосфера полна со страв и има продорна и посветена изведба на Софи Вајлд“, стои во една од критиките.

„Ова е еден од најдобрите оригинални хорор филмови што сум ги гледал во последните десет години. Не претерувам. Ова е првиот долгометражен филм од овие режисери и е апсолутно застрашувачки“, пишуваат гледачите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот