
ВИДЕО | По концертот во Сплит, Ален Исламовиќ добива морничави закани: Внесувате немир во моето семејство
Откако Ален Исламовиќ и групата „Бијело дугме“ на концертот во Сплит ја пееја песната „Пљуни и запевај моја Југославијо“, Здружението на загрепските доброволци на бранителите на Вуковар поднесе жалба против организаторите.
Препорачано
Тие бараат Исламовиќ да биде прогласен за непожелна личност во Хрватска.
Пејачот вели дека намерата не им била да навредат или да испровоцираат некого.
„Не ни беше намерата да испровоцираме никого, но тие нападнаа погрешна куќа и се закануваат од сите страни, а јас сум само работник и пејач во компанијата „Бијело Дугме“, која е во сопственост на господинот Горан Бреговиќ. Јас прифаќам или одбивам 50 концерти и пеење песни на Бијело Дугме“, рече Исламовиќ.
Ален потоа се осврна и на знамињата на Југославија кои беа истакнати на екранот додека ја пееше споменатата песна.
„Не знам што се виори зад мене и какви апликации се случуваат, не знам, тоа го направи една загрепска компанија, а репертоарот го свиревме низ Хрватска со оркестар за свадби и погреби, 7-9 концерти, пред шест-седум години, дури и арената во Пула влезе во тој опус, па и таа песна – „Пљуни и запевај моја Југославијо“. Според мене, тоа е рок-пародија на старите времиња“, додаде тој.
Откако во медиумите беше објавена веста дека Здружението бара Исламовиќ да биде прогласен за непожелна личност во Хрватска, каде што со години живее со семејството, пејачот вели дека добива страшни закани.
„Заканите го надминуваат секој вкус на човештвото, внесуваат немир во моето семејство. Вистинската адреса каде што треба да бараат објаснување е Горан Бреговиќ и нормално сите што биле во Сплит, 12-15.000 на концертот. Закани и пцовки и тоа национални и шовинистички, преку порталите не се начин, но сепак ги собирам, не дај Боже да се најдат ако се случи нешто“, заклучи Исламовиќ, пренесува „Б92“.