Џ.К. Роулинг - Фото: EPA/ Принтскрин Јутјуб

ВИДЕО | По драмата со Ема Вотсон „Сатрдеј најт лајв“ ја исмеа Џ.К. Роулинг

Популарното американско шоу „Сатердеј Најт Лајв“ (SNL) остро ја критикуваше авторката на „Хари Потер“, Џ.К. Роулинг, и нејзините контроверзни ставови за родовите и трансродовите права во премиерата на својата 51-ва сезона. Скечот се случи кратко време по нејзиниот јавен судир со актерката Ема Вотсон, пренесува „Њујорк пост“.

Џ.К. Роулинг со години е мета на критики поради нејзините изјави за родовата политика, за која многумина ја сметаат за антитранс активист. Ова ја стави во конфликт со голем број актери од светот на Хари Потер, вклучувајќи ги Ема Вотсон и Даниел Редклиф. Последната пресметка се случи на 29 септември, кога Роулинг ја нарече Вотсон „неука“ на социјалната мрежа Икс.

Авторката ги обвини Вотсон и Редклиф дека го користат својот професионален однос со неа за јавно да ја критикуваат.

„Тие мислат дека нашиот поранешен професионален однос им дава посебно право – всушност, обврска – јавно да ме критикуваат мене и моите ставови“, напиша 60-годишната Роулинг. „Години откако завршија со глумата во Потер, тие продолжуваат да ја преземаат улогата на де факто портпарол на светот што го создадов.“

Во својот пост, Роулинг објасни како долго време ги гледала како деца на кои им требало заштита. „Кога ги познаваш луѓето уште од десетгодишна возраст, тешко е да се ослободиш од одредена заштитничка природа“, продолжи таа, додавајќи: „Ема има толку малку искуство од реалниот живот што не сфаќа колку е неинформирана“.

Токму овој конфликт послужи како инспирација за „СНЛ“. Во скечот комичарот Бовен Јанг беше облечен како куќниот елф Доби, објаснувајќи ѝ на публиката дека госпоѓа Роулинг го испратила да дефинира што значи да се биде жена „еднаш засекогаш“.

„Госпоѓа Роулинг направи толку многу за Доби и за инклузијата воопшто“, рече Јанг во улогата на Доби. „Се сеќавате ли кога Дамблдор беше геј откако излегоа книгите, и кога Хермиона беше само црнкиња на Бродвеј? И кога Чо Чанг беше… дали Чо Чанг беше Азиец? Доби не може да се сети дали ликот по име Чо Чанг беше Азиец или не“, продолжи тој во монологот, алудирајќи на последователните промени на авторот во канонот.

„Сакам да кажам дека жените имаат вагини и дека женските тоалети се само за жени, девојчиња и духовите на девојчињата“, додаде Доби.

Потоа Доби се осврна на заканите што Роулинг наводно ги добива. „Домашните виленици не се жртви. Господарката Роулинг е. Таа добива толку многу пораки на омраза“, рече тој пред да ја удри главата од масата.

Скечот, како што се очекуваше, предизвика лавина од реакции на интернет. Додека некои ја пофалија изведбата и ја оценија како урнебесна, други не беа импресионирани. „Бовен очигледно има нешто против Џ.К.“, коментираше еден корисник, додека друг напиша: „Ова беше урнебесно“.

Сепак, имаше и критики кон самиот комичар. „Иронично е, дали има некој во шоуто што се однесува повеќе како жртва од Боуен?“, праша еден гледач. Јавноста сега со нетрпение очекува дали и како Џ.К. Роулинг ќе одговори на ова навредување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот