Фото Твитер

ВИДЕО | По 70 години во Индија повторно се родија гепардчиња

Индија го поздрави раѓањето на четирите млади гепардчиња – повеќе од 70 години откако животните беа официјално прогласени за исчезнати во таа земја. Индискиот министер за животна средина ја објави добрата вест, нарекувајќи ја „значителен настан“, пренесува „Би-Би-Си“.

Земјата со децении се обидува повторно да ги врати дивите мачки, а минатата година донесе осум гепарди од Намибија како дел од планот. Уште 12 гепарди беа донесени во Индија од Јужна Африка минатиот месец.

Четирите младенчиња се родени во засолништето за диви животни на националниот парк Куно. Објавувајќи ја веста на „Твитер“, министерот за животна средина Бупендер Јадав рече дека е „воодушевен“.

„Му честитам на целиот тим на Проектот Гепард за нивните немилосрдни напори за враќање на гепардите во Индија и за нивните напори за исправување на еколошката грешка направена во минатото“, рече тој.

Премиерот Нарендра Моди исто така ја поздрави „прекрасната вест“. Се веруваше дека младенчињата се родени пред пет дена, но тие беа забележани од официјални лица во средата, објави „Траст оф Индија“.

Претставник на паркот изјави за новинската агенција дека мајката и младенчињата се добри и здрави. Кога биле пренесени во Индија минатата година, тоа бил прв пат голем месојад да биде преместен од еден на друг континент и повторно да биде пуштен во дивината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот