Фото: Принтскрин/Инстаграм

ВИДЕО | Српската евровизиска песна на Принцот од Врање е плагијат? Србите бесни, бараат замена 

Српскиот пејач Стефан Здравковиќ, попознат како Принцот од Врање, со песната „Мила“ ќе ја претставува Србија на овогодинешната Евровизија што ќе се одржи во мај во Базел, Швајцарија.

Тој доби најмногу гласови со љубовната, романтична балада „Мила“, која ја потпишуваат Душан Бачиќ и Дејан Николиќ, меѓутоа, сега на социјалните мрежи испливаа наводи дека оваа композиција е всушност плагијат.

Имено, се работи за песна на американскиот пејач Џордан Смит, за која многумина пишуваат дека неверојатно потсетува на „Мила“ на Принцот од Врање.

„Дај ми го мејлот на овој човек или на неговиот тим за да му го испратам“, „Брат, ова е страшно! Типот ладно ја украде песната и сака да ја претставува Србија“, „Ова е сè исто, и песната и настапот“, „Ова е плагијат“, се само дел од коментарите.

 

Она што е важно да се нагласи е дека песната мора да исполнува важни услови за воопшто да влезе во српскиот избор „Песму за Евровизију“ (ПЗЕ), па тешко дека и одговорните направиле таков пропуст.

Од друга страна, може да се забележи сличност меѓу песните, барем во мелодиската линија и ритамот, меѓутоа, дали е тоа доволно песната да се прогласи за плагијат? Одговорот го оставаме на надлежните, кои секако ќе се изјаснат доколку утврдат неправилности.

Принцот од Врање е филолог и мајстор за карате: Натпреварувачкиот дух е дел од мене уште од мали нозе

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот