Пинк на нејзината актуелна концертна турнеја / Фото: Инстаграм/Пинк

ВИДЕО | Пинк исфрли демонстрант со необична порака од нејзин концерт

Американската поп-пејачка Пинк, чие вистинско име е Алиша Бет Мур, морала да исфрли демонстрант од нејзиниот концерт во Сан Антонио, кој e дел од турнејата „Summer Carnival“, на која го промовира својот деветти студиски албум „Trustfall“.

Пејачката се налутила што мажот ѝ го прекинал нејзиниот настап со својот мобилен телефон. Тој бил близу сцената, во ВИП делот, доволно блиску за Пинк да го види. Додека таа го изведувала својот хит „So What“, тој почнал да зборува и им пречел на останатите посетители да ја слушаат песната.

Имено, мажот го искористил нејзиниот концерт за да протестира против обрежувањето. На публиката и на пејачката им покажал екран на кој пишувало „обрежување – сурово и необично“.

Фото: Инстаграм/Пинк

„Тргнете го тоа срање“, му рекла таа, но тој продолжил со протестот.

„О, па ти си смислил цела точка токму сега, зар не? Сакаш сите да го прочитаат тоа. Дојде вечерва за да зборуваш за обрежување. Дали се чувствуваш добро во врска со тоа? Ги потроши сите тие пари за да дојдеш овде и да го направиш ова? Ајде, човеку“, рекла Пинк.

По нејзиното предупредување, мажот почнал да се однесува агресивно, а на крајот бил изведен од обезбедувањето.

ФОТО + ВИДЕО | Бизарен „подарок“ за Пинк: Обожавател ја фрли пепелта од својата мајка на сцена за време на концерт

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот