Фото: EPA-EFE/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH

ВИДЕО | Петра Квитова ја освои титулата во Мајами

Teнисерката од Чешка, Петра Квитова ја освои титулата во женска конкуренција на турнирот во Мајами, откако во финалето беше подобра од Елена Рибанкина од Казахстан со 7:6 и 6:2.

Квитова која е 12-та тенисерка на ВТА листата ја совлада Рибакина за еден час и 42 минути игра.

Во првиот сет и двете тенисерки направија по еден брејк, па победникот се решаваше во тај-брејк во кој по голема борба Квитова беше поразена со 16:14.

 

Квитова во вториот сет го одзеде сервисот на противничката и во осмиот гем ја искористи првата меч топка на сервис на Рибакина со што стигна до титулата.

За Квитова ова е прва титула во сезоната, но 30-та вкупно во кариерата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот