ВИДЕО: Парализа во Америка, само денес откажани близу 3.000 летови поради снежниот бран

Смртоносната снежна бура во голем дел од САД, покрај предизвиканите човечки жртви и запреното снабдување со струја и вода, ги наруши и празничните планови за патување на илјадници Американци.

Авиопревозниците од земјата денеска откажаа речиси 2.900 летови, околу 2.500 се само на Southwest Airlines, покрај оние 2.900-те откажани вчера. Така што вкупната бројка на откажани летови во последните 48 часа достигна околу 5.400.

Поради невремето, ситуацијата стана лоша имено пред божиќниот викенд, и откажувањата на летовите започнаа во текот на викендот и продолжија до денеска. Southwest се најде на удар на критики од заглавените патници.

Од Хјустон, Тексас, Тампа, Флорида, до Кливленд, Охајо и Денвер, Колорадо патниците споделуваат фотографии и видео од пренатрупаните места за подигање на багажот и долгите редови пред шалтерите за резервација.

Некои патници споделуваат приказни за неможноста да се сретнат со најблиските за време на Божиќ, најважниот семеен празник во САД.

Авиопревозниците во САД годинава се соочуваат и со зголемена побарувачка по пандемијата на Ковид-19, и по милијардите загуби во 2020 и 2021 година. Многу компании се судираат со мал број вработени, за да одговорат на барањата на Американците да патуваат.

Пилотите пак од компанијата Delta, летоска штрајкуваа, барајќи повисоки плати и истакнувајќи ги проблемите со недостатокот од вработени.

Зимската бура уште повеќе ја усложни ситуацијата сега, за време на божиќните и новогодишните празници.

Силната снежна бура што ја парализира западната држава Њујорк за време на божиќниот викенд убила најмалку 27 лица, соопштија во понеделникот локалните власти, додека комуналните претпријатија се мачеа да го ископаат снегот што ги окова возилата и домовите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот