Полиција на плоштадот Дам во Амстердам по апсењето на напаѓачот со нож/Фото: Gene Medi/NurPhoto / Shutterstock Editorial / Profimedia

ВИДЕО | Осомничениот за напад со нож во Амстердам е украински азилант

Осомничениот за нападот со нож врз пет лица во четвртокот во центарот на Амстердам е 30-годишен Украинец од областа Доњецк на истокот на земјата, соопшти денеска локалната полиција.

Овој човек е осомничен дека во четвртокот попладне во близина на фреквентниот плоштад Дам со различни ножеви повредил пет лица, кои ги избрал по случаен избор. Мажот бил уапсен набргу по нападот со помош на случајни минувачи и бил повреден во ногата.

Тој е приведен и на 1 април ќе се појави пред судот за да одлучи дали ќе му го продолжи притворот. Полицијата соопшти дека уапсениот во средата изнајмил хотелска соба во Амстердам. Според полицијата, неговиот мотив останува нејасен додека трае истрагата.

Неговите жртви се 26-годишен маж од Полска, 73-годишна Белгијка, 19-годишна жена од Амстердам и 67-годишна жена и 69-годишен маж, двајцата американски државјани.

Полјакот бил отпуштен вчера, додека останатите жртви остануваат во болница во стабилна состојба, соопшти полицијата.

ВИДЕО | Напад во Амстердам: Бодел со нож сè пред себе, полицијата го застрела

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот