погреб Горбачов принтскрин Твитер

ВИДЕО| Орбан на погребот на Горбачов- не е планирана средба со Путин

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска во Москва ќе присуствува на погребот на Михаил Горбачов, а средба со рускиот претседател Владимир Путин не е планирана, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

 

„Колку што знаеме, Орбан ќе отпатува во Москва за да се збогува со Михаил Сергеевич Горбачов, за да присуствува на церемонијата на збогување. Немаше барање за друга средба“, одговори Песков на прашањето дали Путин ќе се сретне со Орбан за време на неговата посета на Москва, пренесе ТАС С.
Во меѓувреме голем број луѓе се собраа во близина на Кремљ за да му оддадат почит на последниот советски лидер Михаил Горбачов.

Граѓаните денеска во Москва се простуваат од Горбачов, кој денеска ќе биде погребан на гробиштата Новодевичи.

 

 

Голем број почитувачи на ликот и делото на Горбачов стојат во ред за да му оддадат почит на починатиот советски лидер.

Прошталната церемонија ќе биде проследена со затворен погреб на гробиштата Новодевичи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот