ВИДЕО: Ограбен манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во Кривогаштани, крадецот снимен како краде

Ограбен е манастирот Свети Успение на Пресвета Богородица во атарот на село Обршани, Oпштина Кривогаштани.

На својата Фејсбук страница манастирот објави видео од надзорните камери, на кое може да се види човек со фантомка како ја краде касата со пари и бега.

Од црквата објавија и фотографија од сторителот.

-Во текот на ноќта (23.04.2025 година) манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ е ограбен. Секој кој ќе го препознае сторителот да ги извести членовите на манастирскиот одбор, објавија од црквата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!