Тејлор Свифт и Ким Кардашијан / Фото: Profimedia / Instagram

ВИДЕО | Одмазда по 8 години? Тејлор Свифт испрати порака до Ким Кардашијан во новата песната

Американската пејачка Тејлор Свифт (34) го објави својот единаесетти студиски албум „The Tortured Poets Department“.

На среќа на нејзините обожаватели, музичката ѕвезда им подари двоен албум со 31 песна. Првично, таа го објави албумот со 16 песни, а два часа подоцна ги објави и останатите 15 песни.

Но, по неговото објавување многумина ги интересираше дали Тејлор и овојпат ќе спомене некој од нејзините поранешни љубовници, пријатели или колешки.

Песната „thanK you aIMee“ најмногу го привлече вниманието на нејзините обожаватели, за која веруваат дека е наменета за Ким Кардашијан. Всушност, самиот наслов на песната тие велат дека го крие името Ким, истакнато со големи букви во насловот.

Во песната Тејлор пее за расправија што ја имала со девојка по име Аиме во нејзините помлади денови. Девојката ја опишува како насилник што луѓето на крајот го слават и поддржуваат.

„Сето тоа време кога ми удираше тупаници, јас градев нешто“, пее Тејлор.

@mariesophie der moment als ich es realisiert habe ??? #thankyouaimee #ttpdtaylorswift ♬ Originalton – MARIE-SOPHIE


Многумина ова ги потсети на ситуацијата во 2016 година кога Ким Кардашијан и Канје Вест за малку ќе ја уништија репутацијата на Тејлор Свифт. Имено, таа година Канје објави песна наречена „Famous“, во која многу директно ја нападна Тејлор Свифт, а неговата тогашна сопруга Ким тврдеше дека пејачката се согласила на тоа и објави, како што подоцна се испостави, целосно извртена верзија на телефонскиот разговор меѓу Канје и Тејлор.

Светот тогаш целосно ѝ го сврте грбот на Свифт, американските медиуми ја нарекоа лажга, а милиони фанови на кланот Кардашијан ја нападнаа на социјалните мрежи. Во тој период Свифт се повлече од јавноста.

Друг стих на фановите им навести дека содржи порака до Ким Кардашијан. „И еден ден, твоето дете доаѓа дома пеејќи песна за која само ние две ќе знаеме дека е за тебе“, пее Тејлор зборувајќи за ситуацијата каде детето на Аиме ја пее нејзината песна. Многумина го поврзаа ова со видеото во кое Норт Вест, ќерката на Ким и Канје, пее една од песните на Тејлор.

„Сега мојата приказна е и ваша“: Тејлор Свифт го издаде својот 11. студиски албум „The Tortured Poets Department“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот