
ВИДЕО | „Од небо до дно“ звучи и изгледа светски: Каролина со нова песна и спот
Вчеравечер нашата поп – ѕвезда Каролина Гочева нè израдува со нова песна и видео спот. Музичкото освежување беше вистинско изненадување за македонската публика како и бројните фанови на пејачката. Каролина направи подолга пауза во создавањето на нова музиика и музички спотови посветувајќи се на своите концерти и настапи.
Препорачано
View this post on Instagram
„Драги мои, како што ви најавив на последниот концерт, по долго време претставуваме нешто ново, забавно и долгоочекувано“, напиша пејачката на социјалните мрежи промовирајќи ја својата нова песна.
„Од небо до дно“ звучи и изгледа светски. Позади оваа песна стојат долгогодишните соработници на пејачката. Под стиховите на оваа песна се потпишуваат Весна Малинова и Владимир Даниловиќ, а позади одличниот аранжмнан стои Роберт Билбилов кој заедно со неговата продукција се погрижи и за реализацијата на видео спотот. Пејачката се потпишува како автор на музиката на оваа песна.
View this post on Instagram
Каролина е совршено стилизирана во нејзиниот најнов спот, а за тоа е одговорна нашата позната стилистка Јована Зука, во соработка со Дадар и Јасмина Костиќ кои беа задолжени за шминката и фризурата на пејачката.
Очигледно Каролина се водела по правилото – „тимот кој победува не се менува“, а резултатот преточен во музика и видео може да го проследите во продолжение:
Каролина со сопругот ужива во живописната Апулија: Пејачката сподели прекрасни фотографии