фото: принтскрин

ВИДЕО | Очекувала тројка: Жена од Бангладеш роди петорка по природен пат

Природно породување на петорка е исклучително ретко во медицинската пракса.

Дваесет и тригодишната Ламија од јужниот бангладешки град Барисал родила петорка по природен пат, што е мошне редок случај. Веста за исклучителниот среќен настан ја потврдија лекарите од болницата за дијабетес и општа медицина „Адвокат Хемајет Удин Ахмед“, каде што се случило породувањето, објави BHS. news.

Според изјавите на медицинскиот персонал, раѓањето на тројки било очекувано, но за време на породувањето, на изненадување и на родителите и на лекарите, се родиле пет бебиња.

Такво природно породување на петорка е исклучително ретко во медицинската пракса.

Ламија и нејзиниот сопруг Сохел четири години се обидувале да добијат дете, а веста за доаѓањето на пет бебиња е остварување на нивниот голем сон да имаат многу деца.

Претставниците на болницата изјавија дека и мајката и новороденчињата моментно се во стабилна состојба, но се под строг медицински надзор во повеќе здравствени установи во Бангладеш за да се обезбеди целосна грижа и следење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот