Фото: Скриншот/ТикТок

ВИДЕО | Обожавател на „Оејзис“ го украде шоуто на нивен концерт: „Си ја заслужи влезницата!“

По цели 17 години, легендарниот британски бенд „Оејзис“ се врати на американска сцена во рамки на својата повратничка турнеја „Лајв ’25“. Додека милиони фанови останаа без билети за распродадените концерти, еден обожавател на настапот во Чикаго стана вистинска интернет сензација и докажа дека навистина ја заслужил својата влезница.

На стадионот „Солџер Филд“ во Чикаго, додека групата ја изведуваше песната „Whatever“ од 1994 година, камера улови обожавател кој танцуваше со цело срце. Видеото, објавено на ТикТок, го прикажува како со огромна енергија изведува впечатливи движења, додека поголемиот дел од публиката стои речиси неподвижна.

Неговата реакција предизвика лавина коментари и воодушевување на социјалните мрежи.

Многумина во коментарите го пофалија ентузијазмот, нарекувајќи го „оправдана реакција“ на една од најголемите песни на „Оејзис“. „Просечна реакција кога ќе ја пуштат Whatever на журка“, напиша еден корисник, а друг додаде: „Ова е единствената исправна реакција на Whatever.“ Дел од обожавателите дури коментираа дека би му се придружиле во танцот доколку биле поблиску.

Во исто време, некои се прашуваа зошто остатокот од публиката изгледал толку „мртво“, бидејќи се чинеше дека никој друг не пее, а камоли да танцува.

@aka_conzo Replying to @Yoyo24 ♬ original sound – aka_conzo


Песната „Whatever“ во 1994 година стигна до третото место на британските топ-листи, а остана миленик на публиката и покрај тоа што не се најде на ниту еден студиски албум, сè до компилацијата „Time Flies… 1994-2009“.

„Оејзис“ викендов ќе одржат два концерта во Пасадена, по што турнејата продолжува во Мексико. Потоа следува големото враќање во Лондон, а во октомври и ноември ќе настапуваат во Азија, Австралија и Јужна Америка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!