принтскрин јутјуб

ВИДЕО| Нови тензии на Косово: Истрели се слушаат во околината на Бањска, вооружени лица во дворот на манастирот

Вршителот на должноста директор на косовската полиција за северниот регион, Ветон Ељшани, за Euronews Србија изјави дека во Бањска, каде синоќа беше убиен косовски полицаец, има размена на оган меѓу полицајци и „тешко вооружени униформирани“ лица.

„Гледаме вооружени луѓе, тоа е тешко оружје, тие пукаат во нас, пукаме ние. Сметаме дека тоа се странци во униформа со тешко оружје“, изјави Елишани.

Тој не можеше да прецизира дали има новоповредени и кои се униформираните, но изјави дека поседуваат оклопни возила.

Рано утринава полицијата на Косово ја блокираше Бањска, село кај Лепосавиќ, откако премиерот Аљбин Курти објави дека еден полицаец е убиен, а друг ранет. Курти ги обвини Србите за овој напад.

Рашко-призренската епархија на СПЦ соопшти дека во дворот на манастирот влегле вооружени лица со оклопно возило, а во позадина се слушале спорадични пукотници.

Еден косовски полицаец беше убиен синоќа, а друг е ранет во престрелка во селото Бањска, соопшти утринава косовската полиција.

Од утрово затворени се административните премини Јариње и Брњак во правец на Косово и Метохија, додека сообраќајот во другиот правец на тие два премини е отворен, но значително забавен поради претрес на автомобили.

Шефот на ЕУЛЕКС пристигна во полициската станица во северниот дел на Косовска Митровица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот