ВИДЕО | Нов трипл-дабл на Јокиќ и победа за Денвер, Нуркиќ до дабл-дабл, одличен и Дончиќ

Фото:; Denver Nuggets

Tимот на Денвер ja продолжи победничката низа во НБА лигата откако во изминатата вечер славеше против Голден Стејт со 103:119, а во овој натпревар трипл-дабл забележа српскиот интернационалец, Никола Јокиќ.

Јокиќ натпреварот го заврши со 32 поени, 16 поени и 16 скокови. За Јокиќ ова беше трет-трипл-дабл во кариерата со повеќе од 30 поени, 15 скокови и 15 асистенции со што го надмина легендарниот Вилт Чемберлен на втората позиција.

Повеќе вакви натпревари од Јокиќ во историјата одиграл само Оскар Робинсон кој забележа 11 вакви остварувања.

Одлична вечер имаше и Јусуф Нуркиќ кој во победата на Феникс над Клиперс (123:113) забележа дабл-дабл со 18 поени и 22 скокови, додавајќи и седум асистенции.

Лука Дончиќ постигна 33 поени и додаде шест скока и шест асистенции, меѓутоа неговиот одличен индивидуален учинок не беше доволен Далас да избегне пораз против Индијана (133:111).

НБА РЕЗУЛТАТИ: Филделфија – Милвоки 98-119, Вашингтон – Кливленд 105-114, Атланта – Орландо 109-92, Хјустон – Оклахома 110-123, Њу Орлеанс – Чикаго 106-114, Јута – Сан Антонио 128-109, Портланд – Шарлот 80-93, ЛА Клиперс – Сакраменто 107-123

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот