Фото: НБА

ВИДЕО | Нов трипл-дабл на Јокиќ, Денвер е на чекор од конференциско финале

Тимот на Денвер поведе со 3:2 во серијата со Феникс откако на свој терен го совлада Феникс со 118:102. Повторно и во овој натпревар клучен фактор беше Никола Јокиќ кој запиша „трипл-дабл“.

Почетокот на натпреварот беше важен бидејќи Денвер изгради предност која успеваше да ја одбрани, а Санси беа опасни само во финишо од првпто полувреме. Нагетси по паузата се консолидираа и стигнаа до победата.

Јокиќ натпреварот го заврши со 29 поени, 13 скока и 12 асистенции, Браун уфрли 25, додека кај Феникс Букер беше најефикасниот со 28 поени, Дурент запиша дабл-дабл со 26 поени и 11 скока.

Филаделфија со победа на гостински терен направи „брејк“ против Бостон 103:115 и сега пред своите навивачи ќе има можност да се избори за конференциско финале. Не им помогна на Селтикси ниту Џејсон Тејтум кој оствари ефект од 36 поени и 10 скока. Ембид за Филаделфија постигна 33 поени, а зад него следеше Макси со 30.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот