Фото: 24инфо.мк

ВИДЕО | Нов протест во Аеродром: „Вардариште“ ни ги труе децата

Неколку десетици граѓани втор ден по ред протестираа против загадувањето од депонијата „Вардариште“. Со свирежи и транспаренти со пораки за чиста животна средина, тие се собраа кај мостот „Киро Глигоров“ кај паркот „Авионче“ во Аеродром, пренесе „24 Инфо“

Протестот се одржа на крстосницата на булеварите „Србија“ и „АСНОМ“, која денес беше целосно блокирана.

„Воздухот секојдневно мириса на пластика, тоа е штетно“, велат граѓаните кои протестираат, додавајќи дека чадот од дивата депонија им ги труе децата, предизвикува астма и други сериозни заболувања.

Граѓаните бараат да се преземат конкретни мерки за да се стави крај на екстремното загадување кое се принудени да го трпат со години.

Оградување, 24-часовен надзор и забрана за влез – Каја Шукова го претстави планот за решавање на проблемот со Вардариште

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!