Фото: EPA-EFE/WILL OLIVER

ВИДЕО | Нов гаф на Бајден: Син ми загина во Ирак

Американскиот претседател Џо Бајден говорејќи во Колорадо направи уште еден гаф. Тој истакна дека неговиот син Бо Бајден, кој почина од рак во 2015 година, „го загубил животот во Ирак“.

– Ова го кажувам како татко на човек кој ја освои Бронзената ѕвезда, медалот за истакната служба и го загуби животот во Ирак, рече претседателот Бајден за време на својот говор.

Видеото од неговиот говор во воениот камп Хајл го објави извесен Вендел Хусебо, кого на Твитер, меѓу другите, го следи и Ричард Гренел, поранешниот амбасадор на САД во Германија, а потоа поранешниот американски претседател Доналд Трамп го назначи за свој САД специјален пратеник за Косово и Метохија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот