
ВИДЕО | Нов Буфон на сцената – синот на Џиџи со деби во Серија А
Луис Томас Буфон, синот на легендарниот Џанлуиџи Буфон, го запиша своето деби во Серија А – точно три децении по првиот настап на неговиот татко.
Препорачано
Седумнаесетгодишниот Буфон влезе во игра во 77. минута, заменувајќи го М’Бала Нзола, во момент кога исходот на натпреварот веќе беше решен. Болоња водеше со убедливи 4-0 – резултат кој остана непроменет до крајот на натпреварот.
Иако победата на Болоња беше убедлива, фокусот беше ставен на сениорското деби на младиот Буфон – син на една од најголемите икони на италијанскиот фудбал. Шансата му ја даде токму Алберто Џилардино, поранешен соиграч на неговиот татко во репрезентацијата на Италија.
𝟭𝟵 𝙣𝙤𝙫𝙚𝙢𝙗𝙧𝙚 𝟭𝟵𝟵𝟱 🔄 𝟱 𝙤𝙩𝙩𝙤𝙗𝙧𝙚 𝟮𝟬𝟮𝟱
La dinastia Buffon continua, oggi il debutto in Serie A di Louis, il figlio di Gigi ⭐#BolognaPisa #Buffon #SerieAEnilive #DAZN pic.twitter.com/LUtxq5FbLf— DAZN Italia (@DAZN_IT) October 5, 2025
Луис Буфон е член на Пиза од 2023 година, а игра како крилен напаѓач. Роден е од бракот на Џанлуиџи Буфон со чешката манекенка Алена Середова, поради што настапувал за младинските категории на чешката репрезентација. Сепак, и понатаму има можност да го облече дресот на сениорската селекција на Италија.
Инаку, Џанлуиџи Буфон својот деби-настап во Серија А го имаше за Парма во ноември 1995 година, на 17-годишна возраст (точно 295 дена), под водство на тренерот Невио Скала.
Преземено од: Спорт.ком.мк