Фото: Arsenal FC

ВИДЕО: Њукасл може да жали, Арсенал со два гола во последните минути до победа

Арсенал со драматичен пресврт во финишот го совлада Њукасл со 2-1 и така освои важни три бода со кои се доближи до лидерот на табелата, Ливерпул.

Лондонскиот клуб беше во негатива речиси цел натпревар, откако новото засилување на Њукасл, Волтмад, во 34. минута го отвори резултатот и донесе предност за својот тим на полувремето.

Претходно, најконтроверзниот момент се случи кога Виктор Ѓокереш беше соборен од голманот Поуп во шеснаесетникот. Судијата веднаш покажа на белата точка, но по интервенција на ВАР, одлуката беше сменената и пеналот поништен.

Сепак, притисокот на „топџиите“ во второто полувреме даде резултат, иако дури во завршницата. Прво Микел Мерино во 84. минута донесе израмнување, а потоа, длабоко во судиското продолжение, дефанзивецот Габриел ја погоди мрежата за победа.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот