Молдавскиот Шериф Тираспол на домашен терен успеа да го совлада Шахтјор Доњецк/Фото: EPA-EFE/Janerik Henriksson

ВИДЕО: Николов и Шериф приредија изненадување на стартот во Лигата на шампионите

Во првото коло од групата „Д“ во Лигата на шампионите Шериф Тираспол на домашен терен иако ја имаше улогата на аутсајдер на крајот го шокираше Шахтјор Доњецк совладувајќи го 2:0.

Молдавците дојдоа до првите три бода благодарение на головите на Траоре во 16 и Јансане во 62 минута, двапати асистент беше Кристиано.

Минутажа во редовите на домашната екипа доби и македонскиот репрезентативец Бобан Николов кој настапи од 85 минута како замена за Кастанеда.

Во истата група вечерва од 20.45 часот се игра дерби мечот на „Џузепе Меаца“ во Милано помеѓу Интер и Реал Мадрид.

Се одигра и првиот дуел во групата „Ц“, Борусија Дортмунд триумфираше на гостувањето кај Бешикташ со резултат 1:2.

Германците водеа по првото полувреме со головите на Белингем во 20 и Халанд во судиското надополнување (45+3`).

Турскиот претставник во самиот финиш од средбата во Истанбул успеа само да го ублажи поразот преку Монтеро после асистенцијата на Пјаниќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот