фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

ВИДЕО: Никола Јокиќ доминираше во новиот триумф на Денвер

Во НБА лигата кошаркарите на Денвер славеа на домашен терен против Портланд со резултат 112:103.

Повторно одлични перформанси покажа српскиот центар на Нагетси Никола Јокиќ кој беше прв стрелец со 29 поени, воедно запиша и осум скокови и седум асистенции.

Најблиску до Јокиќ беше Џамал Мареј со 21 поен, по 12 имаа Мајкл Портер Џуниор, Арон Гордон и Пејтон Вотсон, а двоцифрен беше и Кентевиус Колдвел-Поуп со 11.

За Трејлблејзерси најефикасен беше Деандре Ејтон со 27 поени, додека Анферни Симонс забележа 26. Скот Хендерсон постигна 14, а Тумани Камара 10 коша.

Тоа беше втора победа за Денвер против Портланд во „Бол арената“ во само три дена. Моментно е на четвртото место во Западната конференција, зад Оклахома, Минесота и ЛА Клиперс, а составот на Портланд е претпоследен на 14 позиција.

НБА лига, резултати

Бостон – Мемфис 131:91
Шарлот – Индијана 99:115
Мајами – ЛА Клиперс 95:103
Минесота – Хјустон 111:90
Оклахома – Торонто 135:127 (по 2 продолженија)
Јута – Милвоки 123:108
Денвер – Портланд 112:103

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!