
ВИДЕО | Никол Шерцингер позираше во костим за капење за својот 47-ми роденден: „Полнам 25 години“
Пејачката Никол Шерцингер го прослави својот 47-ми роденден, а за таа пригода реши да позира во костим за капење.
Препорачано
Имено, американската ѕвезда сподели две видеа на Инстаграм, каде што напиша дека му е благодарна на Бога за уште една година и дека нејзината „46-та година била златна“, додека во друга објава се пошегува дека наполнила 25 години.
View this post on Instagram
„Со длабока благодарност размислувам додека уште една година се појавува на хоризонтот. Многу сум благодарна за секој здив, за секое изгрејсонце и зајдисонце. Ти благодарам Боже за уште една година“, напиша таа.
За прославата на нејзиниот роденден на плажа, таа одлучи да облече костим за капење со животински принт од зебра, а во еден момент носеше и огромна сламена шапка.
„Луѓето родени во 2000 година наполнуваат 25 години, исто како мене“, се пошегува Никол.
View this post on Instagram
Многу обожаватели ѝ го честитаа роденденот по тој повод, но исто така решија да коментираат за нејзиниот изглед.
„Дефинитивно изгледаш помлада од 25 години“, „Каква енергија“, „Сè навистина станува подобро со возраста. Го цениме животот повеќе“, „Те сакаме, кралице“, „Прекрасна“, „Таа е толку згодна“, беа некои од коментарите под објавите.
Пејачката често објавува фотографии од плажа и од одмор, а многу обожаватели ја восхитуваат затоа што секогаш изгледа фантастично. Сепак, таа претходно им откри на медиумите како го постигнува ова.
Таа истакна дека тренира секој ден, што вклучува трчање, пилатес и јога, и дека се храни здраво. Кога станува збор за други ритуали, таа верува дека е важно да се најде време за работите што ги сакате. Таа секој ден слуша музика што ѝ го подобрува расположението, редовно се моли и медитира и ужива во бањи и масажи.