ВИДЕО | Незамисливо за генерацијата Зет: Младите момчиња од племиња во Етиопија одат на штули

Фото: Patricia White / Alamy / Profimedia

Одење на штули, древна традиција во Етиопија, има длабоко културно значење, особено кај племето Бана во долината Омо. Оваа практика, која датира со векови, е испреплетена со ритуали, церемонии и обреди на премин во заедницата, пишува „24седам“.

Племето Бана од југозападна Етиопија е познато по уникатниот обичај на одење на штули, што е значаен дел од нивната култура. Младите мажи од ова племе користат штули за да се заштитат од диви животни додека го чуваат добитокот, но и од други причини кои ја зголемуваат културната фасцинација со овој обичај.

Фото: Patricia White / Alamy / Profimedia

Низ историјата, пешачењето со штули се користело за различни цели, од лов до сточарство, дозволувајќи им на поединците да се движат по мочурлив терен и да ги заштитат посевите од диви животни.

Племето Бана живее во југозападниот дел на Етиопија, во долината на реката Омо. Нивниот јазик е дел од поширокото јазично влијание меѓу локалните заедници.

Покрај одењето на штули, племето Бана е познато по гостопримството и занаетчиските вештини, вклучувајќи резба на дрво, ткаење кошници и керамика. Овие традиции не само што го одразуваат богатото културно наследство на племето, туку придонесуваат и за зачувување на нивниот идентитет и гордост.

Одењето на штули е долгогодишна традиција која е особено истакната за време на фестивали и ритуали. Носител на оваа традиција се ергените , а церемонијалното правило вклучува украсување на телото со бели риги.

штулите, направени од локално достапно дрво, можат да бидат високи неколку метри , а нивната употреба бара исклучителна вештина, рамнотежа и физичка сила. Младите мажи кои ги користат треба да покажат елеганција и умешност, што исто така ја симболизира нивната сила и способност.

Културното и општественото значење на одењето на штули за племето Бана е значајно, симболизирајќи го преминот на младиот човек од младост до зрелост и служејќи како обред на иницијација.

Вештината на одење на штули се пренесува од генерација на генерација, а момчињата се подложени на ригорозни тренинзи уште од рана возраст, усовршувајќи ја нивната рамнотежа и агилност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот