
ВИДЕО | Интересна приказна: Со помош на детектор нашол мало богатство на плажите на Ибица
Шпанeц со помош на детектор за метал дошол до неверојатни откритија на плажите на Ибица, откопувајќи еден предмет што никогаш претходно не го сретнал, пишува „Мирор“.
Препорачано
Младиот тиктокер во своите видеа редовно известува за вредните предмети што ги наоѓа на неочекувани места, а неодамна се пофали и со богат „улов“ од популарниот остров.
@metalesbajolaarenaPrimer anillo de la noche ?
Имено, тој тврди дека поминал четири часа песочните плажи со детектор и пронашол еден куп монети и дури седум златни прстени. Заедно со една од снимките напишал: „Благодарам на морето за сè што ми дава“.

Младиот авантурист открива дека еден од прстените има 19 карти, а другиот 18.
„Трите прстени се девет карати, што се гледа по бојата. Никогаш досега не сум имал вакво „улов“. И сето тоа за четири часа“, рече тој.
Кога станува збор за пари, нашол само монети на евро и некои шпански пезети. Корисниците беа изненадени од количеството вредни предмети што туристите ги губат во ова популарно одморалиште.
@metalesbajolaarenaCadenita ?
„Дали планираш да ги вратиш прстените? Некои луѓе можеби се тажни поради загубата“, праша еден корисник.
„Сè враќам кога ќе знам кому му припаѓаат. Но, во овој случај тоа е невозможно, бидејќи 90 отсто од луѓето овде се странци“, одговори младиот човек.