
ВИДЕО: Неверојатен пресврт на Денвер, Јокиќ запиша „трипл-дабл“ против Торонто
Кошаркарите на Денвер направија голем пресврт и на свој паркет го победија Торонто со резултат 125:119 во НБА лигата.
Препорачано
Повторно најдобар играч во тимот на Нагетс беше српскиот кошаркар Никола Јокиќ, кој мечот го заврши со „трипл-дабл“ учинок од 35 поени, 17 скокови и 12 асистенции.
Торонто успеа да се одлепи во втората четвртина и да стигне до големи + 22 поени предност, која речиси никој не ја очекуваше.
Сепак, во продолжение Нагетс додадоа гас и успеаја да направат огромен пресврт, а српскиот кошаркар блесна, кој го доведе својот тим до нова победа.
Одличен во редовите на Денвер беше и Џамал Мареј кој додаде 26 поени и 12 асистенции.
Денвер ја продолжи одличната серија на триумфи, победувајќи девет пати во последните 10 натпревари.
НБА лига, резултати –
Детроит – Шарлот 114:97
Кливленд – Феникс 111:117
Чикаго – Далас 92:127
Сан Антонио – Голден Стејт 102:112
Денвер – Торонто 125:119
Портланд – Бостон 99:121
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
39мин
-
1час
-
2час
-
3час
-
4час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5