Фото: Принтскрин, Фејсбук

ВИДЕО | Непознат возач оштетил две паркирани возила во Капиштец и избегал

Утрово, докторката Маја Киријас јавно реагираше по сообраќаен инцидент што се случил пред нејзиниот дом, во кој неидентификуван возач со своето возило удрил во две уредно паркирани автомобили – едниот е нејзин, по што го напуштил местото на несреќата.

„Возилото е мое! Поточно, уште на лизинг … Паркирано уредно. Зад паркирано друго возило. Во 6 часот од гостилница „Дукат“ се слуша силен удар од трето возило кое ги удира возилото зад мене и моето Нисан возило!“, напиша д-р Киријас на Фејсбук, при што додаде дека безбедносните камери „за жал покажуваат сè“.

Несреќата се случила пред нејзината зграда, а иако нејзиното возило било правилно паркирано, направена е значителна материјална штета.

Случајот е пријавен во полиција и се очекува идентификација на сторителот, како и соодветни законски санкции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот