Новак Ѓоковиќ/фото: EPA-EFE/BRIAN HIRSCHFELD

ВИДЕО | Нема одмор за Ѓоковиќ: Нова задача има првиот светски рекет

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ се приклучи на Дејвис куп тимот на Србија во Валенсија, Шпанија.

Ѓоковиќ вчера беше на прославата во Белград заедно со српските кошаркари и практично немаше време за одмор по победата на „УС Опен“.

По победата над Јужна Кореја, Србија в петок ќе се соочи со Шпанија, а најдобриот тенисер на светот ќе ѝ биде на располагање на репрезентацијата.

Претходно најдобрите српски тенисери триумфираа над Јужна Кореја со 3:0. Во сингл победи остварија Душан Лајовиќ и Ласло Ѓере, а во двојки Никола Чачиќ и Миомир Кецмановиќ.

На 15 септември е закажан мечот помеѓу Шпанија и Србија, а следниот ден Србите за противник ќе ја имаат Чешка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот