Фото: FC Struga

ВИДЕО | Нема двојна круна за Струга, куп трофејот останува во Ѓорче!

Победникот во финалето помеѓу Македонија Ѓорче Петров и Струга Трим Лум во Купот на Македонија се решаваше со изведување на пенали, а повторно се радуваше Македонија Ѓорче Петров.

По 90 минути игра немаше победник. Бранителот на трофејот на Македонија Ѓорче Петров во првото полувреме по половина час игра стигна до предност со голот на капитенот Мишевски од пенал откако Кочоски играше со рака во својот шеснаесетник.

Иако имаше по некоја шанса и на двете страни за нов гол се чекаше се до последните десетина минути од регуларните 90 кога Јусуфи шутираше со глава, а топката го погоди Стоилов и заврши зад мрежата на Стевковски.

Во продолженијата фудбалерите на двата тима како да немаа сили или не сакаа да ризикуваат, па не видовме посериозни прилики.

Македонија Ѓорче Петров се покажа како поискуна во пенал серијата, изведувачите на Струга не реализираа ниту еден. Стевковски ги одбрани ударите на Таири и Шабани, додека Радески и Незири погодуваа пречка. Има две промашувања и фудбалерите на Македонија Ѓорче Петров (Мишевски и Алексовски), но Личина и Скендери погодија за победа и одбрана на трофејот во Купот.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот