Фото: Инстаграм

ВИДЕО | Некогаш му беше менторка, а денес ѝ е почесен гостин на концертите: Нови Сад пееше во еден глас со Мики и Цеца

Пејачот Мики Секуловски, кој го освои високото второ место во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, под менторската палка на балканската фолк дива Светлана Цеца Ражнатовиќ, полека но сигурно го остварува својот музички сон.

Откако беше прогласен за еден од најдобрите рок пејачи кои се појавиле на сцената на „Ѕвездите на Гранд“ и го заврши натпреварувањето како еден од фаворитите на жирито и публиката, она со што дефинитивно ќе ја одбележи 2024 година, се настапите со Цеца.

Белград, Цеље, Штудгард, Нови Сад, Херцег Нови се само дел од градовите во кои Цеца одржа концерти, а на кои Мики беше почесен гостин. Последен од низата настапи беше синоќешниот концерт во Нови Сад.

 

Мики и Цеца ќе настапуваат заедно и на Нова година, а покрај закажани концерти, обожаватели ќе можат да уживаат во неговиот музички перформанс и во клубовите низ Македонија.

Ова е вистински успех нашиот пејач кој уште од самите почетоци ги придоби симпатиите и на едни од најпопуларните пејачи и музички експерти во регионот.

Мики своевремено изјави дека ќе ја продолжи соработката со Цеца, а ќе биде најсреќен доколку направат заеднички дует.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот