фото: твитер

ВИДЕО: Неапол тагува за својот херој и идол: Муралот на Диего „гори“ во тишина

Диего Марадона денеска почина од срцев удар во својот дом во Аргентина и целиот фудбалски свет во тага и се простува до генијалецот со топката. Сега тоа го направија и навивачите на Наполи.

Марадона помина седум години во Наполи и токму во овој италијански град ги имаше најубавите моменти во клупската кариера и тоа навивачите не можат да му го заборават.

Набрзо откако се дозна за смртта на Марадона, навивачите на Наполи на нивен начин, со огномет, му оддадоа почит на својот идол и тоа пред една зграда во Неапол која ја краси огромен мурал на „Ел Пибе“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот