Фото: Screenshot

ВИДЕО | Не е важно што си еден од најдобрите во светот: Јокиќ мораше да се идентификува за да влезе во салата

Кошаркарската репрезентација на Србија во текот на вчерашниот ден со 122:55 ја совлада селекцијата на Kипар. Никола Јокиќ доби одмор во овој натпревар и не настапи, но и покрај тоа се најде во центарот на вниманието поради една сцена од пред почетокот на средбата.

Имено, во моментите кога Јокиќ влегувал во салата, девојката која била задолжена за проверка на акредитациите го замолила српскиот кошаркар да го покаже својот документ за идентификација, без разлика што станува збор за еден од најдобрите светски кошаркари.

Кипарските медиуми за оваа сцена пишуваат дека тоа е само уште еден доказ за нивниот професионализам.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот