Фото: Screenshot

ВИДЕО | Навивачите збунети: Што правеше Аморим додека Манчестер јунајтед губеше 2:0 од Гримзби?

Манчестер јунајтед се најде во центарот на вниманието, но и оваа сезона не поради добри резултати. Екипата беше сензационално елиминирана од Гримзби, клуб што настапува во четвртата лига на Англија, во натпревар од Лига купот, што предизвика лавина реакции од јавноста.

Поразот од 2:0 дополнително ги засили критиките кон менаџерот Рубен Аморим, а на социјалните мрежи се прошири видео од 62. минута, на кое тој се обидува да ги менува тактичките поставувања со магнетчиња на табла, додека врне силен дожд и неговиот тим се соочува со негатива од 2:0.

За многумина оваа снимка од Аморим може сликовито да ја покаже безидејноста во која се наоѓа гигантот од „Олд Трафорд“ кој, „ако денот по утрото се познава“ го чека уште една тешка сезона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот