Бразилецот Адриано како играч имаше големи успеси со милански Интер/Фото: EPA/EMILIO ANDREOLI

ВИДЕО: Навивачите на Интер со овации за „Императорот“

Во реванш натпреварот од полуфиналето во Купот на Италија екипата на Интер со 3:0 го совлада Милан и се пласираше во финалето. На првиот меч немаше голови (0:0).

Во триумфот двапати во листата на стрелците се запиша Мартинез во четвртата и 40 минута и еднаш Госенс (82`).

Оваа победа ја гледаше и легендарниот бразилски напаѓач и екс член на Интер, Адриано. „Императорот“ се врати на „Сан Сиро“, кога се појави на стадионот доби од навивачите доби големи овации и аплаузи. Беше трогнат од односот на публиката:

– Ова е фантастично. Прекрасно е чувството да се биде повторно на „Сан Сиро“ и да се гледа победа на Интер над Милан. Им се заблагодарувам на навивачите – вели Адриано.

Како играч во дресот на Интер имаше големи успеси, четирипати ја освои Серија А, двапати Купот и трипати Суперкупот на таа земја.

Миланските „нераѕури“ за куп трофејот ќе се играат против победникот од дуелот Јувентус – Фиорентина во кој по првите 90 минути „Старата дама“ има предност од 1:0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот