НАСА го претстави прототипот на суперсоничното вселенско летало X-59 / Фото EPA-EFE/ALLISON DINNER

ВИДЕО | НАСА го претстави прототипот на суперсоничното вселенско летало X-59

Американската вселенска агенција НАСА за прв пат на јавноста и го претстави својот нов суперсоничен авион Х-59. Млазниот авион, долг околу 30 метри, со распон на крилата од околу 10 метри, беше претставен вчера на локација која и припаѓа на Локхид Мартин во американската сојузна држава Калифорнија.

Авионот е централниот дел на проектот на НАСА, Квест. Првите пробни летови над одредени региони на САД се планирани за подоцна оваа година, при што ќе се собираат дополнителни податоци.

„Х-59 е приближно 30 метри долг чекор напред на патувањето кое започна пред неколку децении кон остварлив комерцијален суперсоничен лет“, рече администраторот на НАСА, Боб Пирс.

Потпретседателот на НАСА, Пем Мелрој, го опиша леталото како „уште еден скапоцен камен во круната на НАСА“.

Посебната карактеристика на X-59 е тоа што леталото треба да може да достигне суперсонична брзина без експлозијата што се случува при пробивање на звучната бариера. Звучниот шок не се случува само во моментот кога објектот ја преминува звучната бариера, тоа е континуиран ефект додека објектот патува со суперсонична брзина.

Федералната управа за авијација на САД (ФАА) ги забрани сите цивилни суперсонични летови над САД до понатамошно известување.

X-59 е дизајниран да лета на височина од околу 16 километри со брзина од 1.500 километри на час. Наместо силен тресок, испушта само глас како трескање на врата од автомобил.

Локхид Мартин доби околу 250 милиони долари од НАСА за развој на леталото. Последен пат имало редовни суперсонични патнички летови пред дваесетина години со легендарниот Конкорд меѓу Париз, Лондон и Њујорк.

По несреќата во Париз во која загинаа повеќе од 100 луѓе во 2000 година, операциите беа прекинати во 2003 година. Покрај НАСА и Локхид Мартин, други компании моментално работат на враќање на суперсоничните авиони.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот