Фото: EPA-EFE/GABRIELE MENIS

ВИДЕО | Наполи слави титула по 33 години, Елмас е вториот Македонец со Скудето!

По пауза од 33 години и генерацијата на Диего Армандо Марадона, Наполи е нов шампион на Италија.

Тимот на македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас вечерва одигра 1:1 против Удинезе на Илија Несторовски и тоа беше доволно и математички да го обезбедат Скудетото.

Стравуваа навивачите на Наполи дека можеби ќе треба да почекаат уште едно коло кога Удинезе поведе и имаше предност се до 52-та минута. Виктор Осимен го постигна голот за изедначување кој се покажа како доволен вечерва да има голема прослава во Неапол. Стрелец за Удинезе беше Ловриќ во првото полувреме.

Елмас го одигра целиот натпревар и стана вториот Македонец по Горан Пандев кој се радувал на Скудето. Пандев шампион на Италија стана со Интер пред 13 години кога ја освои славната триплета предводени од Жозе Мурињо.

Цел натпревар на спротивната страна вечерва одигра и Несторовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот