Фото: ЕPA-EFE/GUILLAUME HORCAJUELO

ВИДЕО | Наоми Кемпбел без перика е непрепознатлива: Црниот Пантер го крие своето вистинско лице под бујната коса

Иако се смета за една од најубавите жени во историјата на манекенството, Наоми Кемпбел има свои добри и лоши денови во однос на физичкиот изглед. Таа секогаш е контроверзна, а овој пат фокусот не е на кампањите, туку на фотографиите на кои е без перика.

Тие ја прикажуваат Наоми во секојдневна облека, без гламурот на кој сме навикнати. Многумина коментираа дека таа воопшто не изгледа како на модната писта и дека изгледа морничаво, додека други истакнаа дека токму таквите слики докажуваат дека таа  пред сè е човек.

Корисниците на социјалните мрежи, напишаа:

„Да, таа изгледа поинаку. И? Има повеќе од 50 години. Таа е сè уште кралица“, „Значи, и Наоми има лоши денови. Некако ми е полесно.“

Искрена за алопецијата и притисокот од индустријата

Наоми претходно зборуваше за физичките последици од нејзината долга кариера. Таа призна дека со години носела екстензии и затегнати фризури кои предизвикале да изгуби многу коса и дека сега се грижи повеќе за себе отколку порано.

„Порано ја губев косата поради екстензиите. Сега сум повнимателна“, рече таа во едно интервју.

„Целиот свет носи перики“

Иако нејзините оштетени делови делумно се регенерираа, Наоми отрки дека носи перики.

„Целиот свет носи перики. Веќе не е важно. Јас правам што сакам или што бара работата“, рече моделот.

Кембел со години е под притисок да носи долга, права, посветла коса, што сè уште често се наметнува како естетски идеал во модната индустрија. Многу црнкињи, според експертите, се одлучуваат за екстензии токму за да ѝ дадат одмор на косата од хемиските третмани, но ако екстензиите се лошо поставени или се носат предолго, тие можат да бидат уште поштетни.

„Ако сакам да направам нешто – плаќам за тоа и го правам. Ако сакам да ставам вештачки трепки – ги ставам. Луѓето секогаш коментираат дека не изгледам на моите години, но кога ќе ја погледнат мајка ми сѐ им е јасно. Таа има добри гени.“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот