ВИДЕО | Најзборуваната реклама на Супербол: Бен Афлек стана дел од бој-бенд и се обиде да ја импресионира Џеј Ло

Фото: Скриншот/Јутјуб

Актерот Бен Афлек и пејачката Џенифер Лопез ги воодушевија своите фанови, глумејќи во реклама за синџирот за крофни „Данкин“ по повод годинашниот Супербол.

На почетокот од рекламата, Џеј Ло снима песна во своето студио, а Афлек ненадејно ѝ упаднува во собата, заедно со неговата придружба. Имено, Афлек е дел од групата „ДанКингс“, заедно со Мет Дејмон и Том Брејди, а нивна голема желба е да се најдат на новиот студиски албум на пејачката.

„Еве го масакрот во Бостон!“, Афлек влегува во собата викајќи, придружуван од Брејди на клавијатура и Дејмон како вокал. Но, Лопез воопшто не е воодушевена од таа сцена.

Фото: Dunkin’ Donuts / BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia

Во рекламата, Афлек се обидува да започне започне музичка кариера за да биде во чекор со сопругата, пишува „Дејли мејл“.

„Колку може да биде тешко?“, прашува Афлек, додека го пие своето „Данкин“ кафе.

Фото: Dunkin’ Donuts / Ferrari / Profimedia

Групата дава сè од себе да се најде на албумот на Џеј Ло, но таа не е импресионирана. Додека мажите се оддалечуваат, таа му се обраќа на Брејди и му дава до знаење дека може да остане.

„Смири се. Тие го именуваа пијалокот по нас“, му вели Афлек на Дејмон додека дуото се оддалечува, чувствувајќи се огорчено затоа што Џеј Ло ги одбила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот