Водно/Фото: Слободен печат-Методи Здравев

ВИДЕО | На Водно по вода или за рекреација

Скопје дише на Водно, на плус 40 степени. Тоа е прв избор на скопјани за кратко неколкучасовно бегство на колку-толку пониски температури. Утрово „Слободен печат“ беше заедно со многубројните туристи и граѓани на главниот град на Средно Водно. Туристите чекаат пред жичницата што води до Крстот и служи за панорамско разгледување на градот. Велосипедистите се рекреираат и покрај високите температури. Повозрасните бегаат под дебелите сенки и чекаат да помине денот и да се симнуваат накај градот. Но, на Водно се полни и вода.

Водно/Фото: Слободен печат-Методи Здравев

Од извор или од чешма, сеедно. А покрај нив, освен прекрасната природа и зеленилото, ѓубре и пластични шишиња.

Погледнете како се рекреираат и одмораат скопјани од прилогот на колегата Методи Здравев:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот