
ВИДЕО | На Парис Хилтон, Ентони Хопкинс, Били Кристал и други ѕвезди им изгореа куќите во пожарите во Лос Анџелес
Бројни познати личности се огласија за пожарите што зафатија делови од Лос Анџелес и ги погодиле нивните домови.
Препорачано
Повеќе од 130.000 луѓе беа принудени да се евакуираат поради пожарот, додека ветровите дополнително придонесуваат за ширење на пожарот. Најтешка е ситуацијатао во една од најбогатите населби во САД, Пацифик Палисадес.
Актерот Били Кристал и неговата сопруга Џенис за „Еј-би-си њуз“ изјавиле дека ја изгубиле куќата во таа населба.
– Зборовите не можат да го опишат обемот на уништувањето. Чувствуваме тага за нашите пријатели и соседи кои исто така ги загубија своите домови и бизниси во оваа трагедија. Џенис и јас живееме во таа куќа од 1979 година. Ги одгледавме нашите деца и внуци таму. Секој дел на нашата куќа беше исполнета со љубов – рекол Били Кристал.
Во пожарот домот го загуби и богатата наследничка Парис Хилтон. Нејзиниот претставник потврди дека нејзината куќа е уништена.
View this post on Instagram
И домот на 87-годишниот актер Ентони Хопкинс е целосно изгорен.
Тој сè уште не се огласил за трагедијата, но на фотографиите што се споделуваат се гледа дека останале само темелите од куќата.
Во страотните пожари во Лос Анџелес изгоре и вилата на актерската двојка Адам Броди и Лејтон Мистер.
Актерката Џејми Ли Кертис рече дека нејзиниот дом е безбеден, но дека целата населба ја нема.
„Толку многу луѓе изгубија сè. Помогнете каде можете. Им благодариме на спасувачките тимови и пожарникарите“, напиша Кертис на Инстаграм.
View this post on Instagram
Синот на актерската двојка Том Хенкс и Рита Вилсон, Чет Хенкс, на Инстаграм напиша дека населбата во која пораснал гори до темел.
Актерката Менди Мур се соочува со пожарот во Итон, каде на 52.000 луѓе им е наредено да се евакуираат. Нејзиниот дом се наоѓа во населбата Алтадина, а актерката им се заблагодарила на пријателите кои на нејзиното семејство му обезбедиле сместување за време на евакуацијата.