
ВИДЕО | На 96 годишна возраст почина познатиот британскиот актер Џон Вудвајн
Британскиот актер Џон Вудвајн, познат по улогите во филмовите „An American Werewolf In London“, „The Crown“ и серијата „Z Cars“, почина на 96-годишна возраст, соопшти неговиот агент.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Во изјавата на агентот Фил Белфилд се наведува дека Вудвајн починал „мирно“ во својот дом, во понеделник наутро.
„Џон беше исклучителен актер со блескава и разновидна кариера во сите делови на индустријата, од театар, филм и телевизија. Има зад себе повеќе од 70 театарски продукции, меѓу кои и Националниот театар и Кралската Шекспирова трупа, како и бројни улоги на големото платно. Џон беше сакан и почитуван – ќе остане во топло сеќавање кај сите што го познаваа и работеа со него“, се вели во соопштението.
Театарска и филмска легенда
Роден на 21 јули 1929 година, Вудвајн имал долга и истакната кариера, особено со Кралската Шекспирова трупа, каде што го толкувал ликот на Банко во Макбет, заедно со легендите сер Иан Мекелен и Џуди Денч.
Во 1987 година ја добил престижната Оливие награда за најдобра комична изведба за улогата во претставата „Henriji“ во театарот „Олд Виц“.
Во 2006 година имал споредна улога во филмот „Мис Потер“, покрај Рене Зелвегер и Јуан Мекгрегор, а се појави и како татко на Френк Галагер, Невил во хумористично-драмската серија „Шејмлес“ на „Канал 4“.
Вудвајн првпат се појави во популарната серија Улица на Короната (Coronation Street) во 1965 година како возач на камион, а се врати во 2010 година во улогата на Алан, татко на Шарлот Хојл, пред улогата да ја преземе Мајкл Мекстејн.