Фото: Принтскрин / Тикток

ВИДЕО | „Мрш бре!“: Марија Шерифовиќ бурно реагираше кон обожавателка среде настап во Кавадарци

За време на настапот на манифестацијата „Тиквешки гроздобер“ во Кавадарци, српската пејачка Марија Шерифовиќ се спушти во публиката, а со тоа секако ги израдува обожавателите кои добија можност да бидат поблиску до неа.

Сепак, кога една девојка се обиде да го земе микрофонот од раката на Шерифовиќ, таа брзо ја спречи во тоа, но и ја искара. Судејќи според коментарите од социјалните мрежи, особено од „Тикток“, каде што видеото од целата ситуација веќе стана вирално, реакцијата на Шерифовиќ навистина ја подели публиката.

„Мрш, бре!“, грубо ѝ се обрати Марија на непознатата обожавателка и го продолжи настапот.

Додека некои тврдат дека „девојката го заслужила тоа“, други веруваат дека „пејачката навистина не мораше да биде толку сурова“.

Да потсетиме, Марија Шерифовиќ пред последната сезона на „Ѕвездите на Гранд“ донесе одлука да го напушти ова талент-шоу. Таа беше меѓу членовите на жирито 10 години, а сега одлучи да се посвети пред сè на мајчинството, но и на добар одмор.

@goodboy03210 #marijaserifovic #srbija #makedonija #mrsbre ♬ original sound – Good_boy_

ФОТО | „8 март конечно има смисла“: Марија Шерифовќ ја доби првата црвена роза и балон во форма на срце од својот син Марио

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот