
ВИДЕО | Момче на 18 години стана инженер во „Гугл“: Неговиот татко одиграл важна улога во воспитувањето
Стенли Жонг не е типичен 18-годишник. Претходно оваа година дипломирал и ја основал својата компанија „Ребитсајн“ (RabbitSign). Тој бил одбиен или ставен на листа на чекање на 16 од 18-те колеџи на кои аплицирал, вклучувајќи ги „МИТ“ и „Стенфорд“.
Препорачано
Добил привремена работа во „Гугл“, како софтверски инженер и таму планира да помине една година. Иако таквата понуда изненади некои, таткото на Стенли, Нан Жонг, воопшто не беше шокиран.
– Гледав како пишува кодови уште од својата 10-та година. Беше одличен од самиот почеток, па не бев изненаден кога ја доби работата во „Гугл“, изјави Нан за „Си-ен-би-си“ (CNBC).
Нан, исто така, работи во „Гугл“, како шеф на софтверско инженерство и тврди дека никогаш не го терал својот син да вежба кодирање или да биде одличен на училиште. Неговото правило број еден било да обезбеди ресурси, но не и мапа од патот што води до целта.
„Ако има нешто што Стенли сака да истражи, ние сме тука да му помогнеме. Нема да му кажуваме до каде треба да оди, колку брзо треба да се движи или кога да го промени курсот. Целосно зависи од него“. додаде Нан.
Да се биде непристрасен родител не значи да се исклучите од животот на вашето дете или да не наметнувате одговорности или правила. Нан вели дека тоа значи да му дозволи на неговиот син слободно да ги истражува своите страсти.
Децата не смеат да веруваат дека достигнувањата ја дефинираат нивната вредност
Патувањето на Стенли во „Гугл“ започнало пред пет години, кога го основал „Ребитсајн“. Уште на самиот почеток го приметил еден регрутер на „Гугл“, но Стенли бил премногу млад за да може да работи каква било работа. Кога се приближил до дипломирањето, тимот од „Гугл“ се сетил на него и го охрабриле да дојде на интервју.
Според Ричард Вајсман, автор на книгата „Факторот на среќа“ и професор по психологија на Универзитетот во Хертфордшир, можеме да поттикнеме секого со правење четири работи:
• прифатете нови можности
• верувајте во интуицијата на другата личност
• задржете го оптимистичкиот начин на размислување
• бидете отпорни
Стратегијата на Нан е во склад со истражувањето на експертката за токсично родителство Џенифер Брехени Валас, која вели дека децата кои стануваат успешни во одмината возраст треба да се воспитуваат така да бидат мотивирани да успеат на здрави начини и да не веруваат дека нивните достигнувања ја дефинираат нивната вредност.